14.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Престојот на Ѓоре Јовановски во Беласица беше краток

По денешниот пораз од велешкиот Борец, тренерот Ѓоре Јовановски најави дека си заминува од кормилото на Беласица. Јовановски на клупата на Беласица седна пред два месеци, но денеска спогодбено ја завршил соработката со струмичани.

Јовановски, кој бил тренер на Вардар, Слога Југомагнат, Самсунспор, Работнички, Милано, Металург, ЦСКА Софија, Шкендија, Брегалница, Беласица, а беше и македонски селектор, на тимот кој го водеше во овие два месеци му посака да избори опстанок во првата лига. На трите официјални меча како тренер на Беласица, Јовановски освои три бода.

Беласица е закована на дното со девет бода помалку од претпоследниот тим, а тоа е Академија Пандев.

- Оглас -

Најнови вести