Пресврт: голманот Кариус останува во Ливерпул!

Голманот на Ливерпул, Лорис Кариус, можеби ќе остане во тимот на Црвените во следната сезона. Германскиот чувар на мрежата се врати на „Енфилд”, откако го прекина договорот со Бешикташ, каде беше позајмен. Се очекуваше Кариус да се врати во некој клуб од Бундеслигата, Херта беше најзаинтересирана за него, но сега Кариус не ја исклучува можноста да остане во Ливерпул.

„Се разбира дека ако прејдам во друг клуб, ќе сакам да бранам редовно. Во спротивно, нема смисол да го напуштам Ливерпул. Нема зошто да бидам резерва во послаб тим. Не сум под притисок по секоја цена да си барам нов тим. Во Англија, вторите голмани секогаш добиваат шанса. Јас сум во најсилниот тим на светот во моментов, се борам за трофеи и секој ден сум опколен со фудбалери од највисока класа. Добро ми е во Ливерпул”, вели Кариус, кој е познат како голман кој правеше големи грешки во кариерата, а особено се паметат киксевите кои ги имаше во финалето на ЛШ во 2018 година.

- Оглас -

Најнови вести