Пресврт во „Случајот Башакшехир“ – Топал ги навредувал судиите: Во нашата земја Романците се цигани (Видео)

Новата видеоснимка што е објавена на социјалните мрежи фрла нова сенка на контроверзниот случај со прекинатиот меч меѓу Пари Сен Жермен и Башакшехир, кој беше преигран денеска и заврши со победа на францускиот првак од 5:1.

Вчера, откако четвртиот судија од Романија го навреди Пјер Вебо, сега има нов момент, а и Турците кои ја повлекоа екипата и не сакаа да играат не биле толку наивни.

На видеоснимката се слуша како некој од таборот на Башакшехир дофрла дека Романците се цигани во неговата земја, а според сомневањата, се работи за стоперот Мехмет Топал.

Токму тој беше стрелец на почесниот погодок за Башакшехир денеска во доиграниот меч што заврши со убедлива победа на ПСЖ од 5:1.

Четвртиот судија Колтеску објаснуваше дека не сакал да го навреди Пјер Вебо, но Романците беа сменети и денеска во Париз судеше холандска четворка, а главен арбитер беше Макели.

 

- Оглас -

Најнови вести