Пресврт во случајот „Хамес“: Колумбиецот останува во Реал?

Реномираниот шпански медиум „Марка“ има своја теорија околу ситуацијата со Хамес Родригес. Според нив, Колумбиецот нема да го напушти Мадрид ова лето, а тоа е поради што клубот ги врати во продажба дресовите на Хамес во својот официјален фан шоп.

Белите дресови со бројот 16 и името на Хамес повторно се достапи за фановите на Кралскиот клуб, а тоа е доволна причина за „Марка“ да тврди дека трансфер ова лето нема да дочека.

Како што е познато, неколку клубови се во игра за потписот на Хамес. Наполи и Атлетико Мадрид водат голема битка, а постои опција да биде вклучен во понудата за Нејмар, па Родригес да заврши во редовите на францускиот првак ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести