Пресвртот од 27 разлика што го направи Лејкерс на дуелот против Далас не беше најголемото изненадување на мечот (Видео)

Лос Анџелес лејкерс го победи Далас на гостински терен во мечот што го имаше најголемиот пресврт сезонава. Домаќините во еден момент водеа и со 27 разлика (48:21), но на крајот загубија со 111:108.

Пресвртот што го направи Лејкерс не беше најголемиот шок што го претрпе еден навивач на Далас. На трибините тој имаше план да ја побара својата девојка за жена, а во целиот настан беше вклучена и маскотата на Далас.

Токму маскотата на Далас се појави со картон во рацете на кој пишуваше „Катрин, ќе се омажиш ли за Бенет“. Момчето извади прстен за да ја побара својата девојка за жена, но таа остана збунета, а потоа само нешто му кажа и избега од трибините. Момчето остана шокирано, иако сигурно било убедено дека ќе добие потврден одговор кога на ваков јавен начин се обиде да побара „судбоносно ДА“.

- Оглас -

Најнови вести