Претпразнична еуфорија со инстант лозот „Еко скутер“

Има многу причини зошто треба да купите за себе или пак за подарок пакет инстант лозови „Еко скутер“: забава, хуманост, можност да се освои еко скутер, шанса за освојување бонус до 150.000 денари или да се освои BMW X1.

Со инстант лозот „Еко скутер“ забавата најдолго трае затоа што секој недобитен лоз, доколку го регистрирате преку веб-страницата www.loto.mk, може да е ваша влезница во БОНУС ИГРА и да ве донесе до лото студиото во Канал 5 Телевизија, каде што може да завртите „Тркало на среќата“ и да добиете паричен бонус до 150.000 денари. Сите други регистрирани лозови, а неизвлечени за учество во студио, остануваат во игра за извлекување на два неверојатни BMW X1.

За време на празниците, најзабавниот подарок што може да го дадете некому е токму – пакет инстант лозови „Еко скутер“. Овој инстант лоз чини 60 денари (доколку го купувате поединечно), но пакет од 6 инстант лоза ќе ве чини 300 денари (5+1), при што добивате и повеќе шанси да освоите или подарите една од 365-те премии – електричен тротинет.

Не треба да се заборави дека инстант лозот „Еко скутер“ е и најхуман бидејќи од неговата продажба, покрај редовните 6% коишто се изделуваат во републичкиот буџет за општественоодговорни цели, дополнителни 10% Државна лотарија во соработка со Црвениот крст посветува на поддршка на најнемоќните лица за борба со ковид-19.

БОНУС ИГРАТА – ЗАВРТИ ЕКОСУТЕР ТРКАЛО започна на 6 ноември и веќе имаме нови среќни лица коишто со едно вртење тркало на среќата добија до 150.000 денари.

Анета Спасојева од Радовиш си замина со освоен бонус од 150.000 денари. Ценко Ивановски од Битола регистрирал повеќе недобитни инстант лозови на  www.loto.mk, од коишто со еден беше извлечен, по електронски пат, да биде специјален гостин во емисијата Лото 7. Остатокот од другите негови регистрирани недобитни инстант лозови влегуваат во игра за првиот автомобил BMW X1.

Трајче Мушев од Кавадарци ‒ третиот извлечен учесник во бонус играта ЗАВРТИ ЕКОСУТЕР ТРКАЛО, освои 100.000 денари. Александар Гроздановски од скопската населба Кисела Вода, си замина дома со освоен бонус од 100.000 денари. Тина Белобрадиќ од Скопје учествуваше во тв емисијата на 97. коло Лото 7 и со вртење тркало на среќата освои бонус вреден 50.000 денари.

Првото извлекување за BMW X1, е закажано за 8 јануари 2022 година.

„Среќните приказни во Државна лотарија се секојдневие. Со нив се потврдува дека игрите на среќа на Државна лотарија може да го променат или барем да го разубават животот, да внесат радост, забава, среќа и финансиска благодат. Затоа сме постојано инспирирани за нови предизвици и изненадувања.

Посебно сме среќни што нашата веб-страна ‒ www.loto.mk е сè почеста адреса за забава, уплата на лото и џокер броеви, а од месец октомври е и адреса на две бонус игри. Влезницата за учество во едната игра е токму недобитен инстант лоз ЕКО СКУТЕР ‒ најзабавниот, најхуманиот инстант лоз којшто носи и најмногу изненадувања.

Можноста за учество во бонус играта ЗАВРТИ ЕКОСУТЕР ТРКАЛО  трае заклучно со 23.3.2022 година. Во тек на овој период, по еднаш седмично, секоја сабота, во лото емисијата, се извлекува (по електронски пат) по еден од учесниците којшто ќе биде поканет во живо, да го заврти тркало на среќата со можност да освои паричен бонус  (50 000, 100 000, или 150 000 ден.). Сите недобитни регистрирани инстант лозови ЕКО СКУТЕР влегуваат во игра за две возила BMW Х1, и тоа со две извлекувања, по електронски пат ‒ на 8 јануари и на 19 март 2022 година.

Потсетуваме дека со купување на пакет 5 + 1 „Еко скутер“, давате Ваш придонес во општественоодговорни цели и заедничката акција на Црвен крст и Државна лотарија под име „Круг на среќа и солидарност“ наменета за поддршка на најнемоќната категорија граѓани во борба против КОВИД-19“ – објаснуваат од Државна лотарија и потсетуваат дека сите детали и податоци околу игрите може да се најдат на нивниот сајт www.loto.mk.

 

- Оглас -

Најнови вести