Претседателот на Аталанта е песимист: Треба да престанеме да мислиме дека може да бидеме шампиони

Претседателот на Аталанта, Антонио Перкаси, изјави дека клубот нема амбиција да го освои Скудетото во Серија А.

„Би сакал да се престане со зборување за титула. Ние сме Аталанта, како да имаме веќе три титули по ред. За нас и третото место е како титула. Ние сме само Аталанта, неодамна одигравме нерешено против Болоња. Мора да бидеме цврсто на земја и да престанеме да мислиме дека може да бидеме прваци на Серија А“, изјави Перкаси, кој сака да го намали притисокот и големите очекувања, иако тимот неколку сезони игра убав и ефикасен фудбал.

- Оглас -

Најнови вести