Претседателот на Атлетико Мадрид очекува Феликс да не се радува ако даде гол против Јорганџиите

Барселона ќе биде домаќин на Атлетико Мадрид во неделното дерби од шпанското првенство. Двата тима имаат по 31 бод, но Јорганџиите имаат меч помалку. Реал Мадрид е прв на табелата со 35 бодови, што значи дека дербито кое ќе се игра во Барселона е многу важно за двата тима доколку сакаат да останат во чекор со лидерот.

Жоао Феликс е играчот кој е во фокусот на вниманието. Португалецот сезоната ја започна како играч на Атлетико Мадрид, но не добиваше шанса да игра и постојано беше на клупата за резерви.

Токму затоа, Барселона реши да го доведе како позајмен играч, а Португалецот откако го облече дресот на каталонскиот гигант, покажа дека е играч од голем калибар. Тој е еден од најдобрите на теренот, а досега постигна и шест погодоци. В недела Феликс сигурно ќе има посебен мотив да постигне гол против Атлетико Мадрид и да му докаже на тренерот Диего Симеоне дека грешел што не го пуштал на терен.

Претседателот на Атлетико, Мадрид Енрике Серецо, очекува Феликс да не слави ако даде гол против тимот со кој уште има актуелен договор.

„Се надевам дека нема да слави. Гледам дека го бакнува амблемот на Барселона. Сигурно така се чувствува, инаку нема јавно да го прави тоа. Жоао е фантастичен играч и фудбалот треба да биде спектакл во кој ќе играат најдобрите“, вели првиот човек на Барселона.

- Оглас -

Најнови вести