Претседателот на Реал Мадрид го доби судскиот спор против шпански весник и ќе добие отштета од едно евро

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез го доби судскиот спор што го водеше против весникот „Ел Конфиденсијал“, но ќе добие едно евро отштета.
Пред една година весник „Ел Конфиденсијал“ објави аудио снимки од 2006 година на кои се слуша како Перез жестоко ги напаѓа клупските легенди Раул и Икер Касиљас.

Тој го обвини Раул дека го уништил мадридскиот клуб, додека Касиљас го нарече ни помалку ни повеќе туку големо промашување.

Откако беа објавени аудио снимките во јавност, Перез го тужеше весникот и сега пристигна судската пресуда, која е во корист на претседателот на Реал Мадрид.
Судот во Мадрид одлучи дека „Ел Конфиденсијал“ мора да престане со објавување на аудио снимките, но и да му исплати паричен надомест на Перез од само едно евро.

Претседателот на Реал побара отштета од едно евро само со една цел – да им покаже на сите дека не е до парите, туку да им докаже на сите дека е во право.

Судот одлучи дека весник го пречекориле правото на слобода на информирање.

Новинарите се обидоа да докажат дека станува збор за јавен интерес, бидејќи навивачите сакаат да знаат што мисли претседателот на клубот за легендите, но судот тврди дека со објавувањето на снимката тие сакале да го нарушат угледот на Перез.

- Оглас -

Најнови вести