Претседателот на Реал Мадрид на дружба со навивачите, меѓу нив и фановите од Македонија! (Фото)

Навивачкиот фан-клуб на Реал Мадрид од нашата земја, „Пења Мадридиста Македонија“, беше дел од дружбата со претседателот на Кралскиот клуб, Флорентино Перез.

Првиот човек на најголемиот клуб на светот одржа говор, и посебно им се заблагодари на сите претставници на навивачките клубови на Реал од целиот свет кои се присутни на финалето на Светското клупско првенство во Рабат, Мароко, а меѓу нив и од Македонија.

Навивачите на Реал од Македонија се доста активни во поглед на присуство на сите позначајни мечеви на кои игра 14-кратниот европски шампион, така е и денеска, финалето на Светското клупско нема да биде без поддршка за Реал од Македонци на трибините.

- Оглас -

Најнови вести