Претседателот на Ривер шокираше по повод трансферот на Де Роси во Бока

Трансферот на Даниеле Де Роси во Бока јуниорс, ги фрли во транс навивачите на Бока, а бидејќи ривалството на овој клуб со Ривер плејт е големо, се очекува Италијанецот да не биде примен добро од фановите на градскиот ривал. Сепак, претседателот на Ривер, Родолфо Д`Онофрио, даде коректна изјава дека овој трансфер е добар за аргентинскиот фудбал.

„Добро е за аргентинскиот фудбал што се случуваат вакви трансфери. Се зголемува мотивацијата, ентузијазмот, во целиот свет се зборува за нашата земја. Мислам дека трансферот на Де Роси е добар, ни требаат такви работи“ – рече првиот човек на „милионерите“.

Со оваа изјава, Д`Онофрио ќе ги налути најекстремните навивачи на Ривер за кои секој играч на Бока е нивен смртен непријател.

Добредојде на Де Роси му посака Мауро Зарате, кој сега ќе му биде соиграч, а во минатото беа лути ривали, бидејќи Италијанецот играше за Рома, а Аргентинецот за градскиот ривал Лацио.

- Оглас -

Најнови вести