Депортиво Копсол остана без фудбалери, а причината е по малку и бизарна. Претседателот на второлигашот од Перу, Фреди Амес, не верува дека сезоната ќе се доигра и ги отпушти сите фудбалери.
Со писмо целиот фудбалски погон бил информиран дека може да си замине и да си побараат нов клуб. Амес се одлучи на ваков чекор бидејќи изјави дека не може да ги плаќа играчите и дека клубот исклучиво зависи од продажба на влезници.
Моментно и во Перу, како и во грото останати земји на планетата, фудбал не се игра поради Коронавирусот. Сепак, Амес не го повлече чудниот потег на празно, а поткрепа има во објавата на перуанскиот Министер за здравство, Виктор Замора, кој децидно кажа дека фудбал ќе се игра кога ќе се пронајде вакцина за опасниот вирус.
Засега и покрај најавите од неколку земји дека се на прагот да пронајдат рецепт за вакцина против Ковид-19, ништо конкретно нема како медицинска противмерка за епидемијата од Коронавирусот.