Прилеп е во транс, се чека прволигашка промоција на Победа, Вардар и Воска зависат од Силекс

Победа има шанса да се врати во Првата лига на Македонија по пауза од четири сезони, а за тоа денеска од 17 часот им треба триумф против Пехчево и помош од Беласица и победа на струмичани против Слога Виница.

На две кола до крајот на Втората лига Исток, Победа е лидер со 56 бода, пред Слога Виница со 55 и Беласица со 53 во трилингот екипи кои се борат за првото место и директен пласман во Првата лига, но и за втората позиција која води во дополнителен бараж за пробив до елитната македонска фудбалска лига.

Драматично е и во Втората лига Запад, но таму е познат новиот прволигаш и тоа е Силекс.

Кративци директно ќе ја кројат трката за второто место меѓу Воска и Вардар и ќе играатв токму против нив во последните две кола.

Силекс веќе мисли на финалето на националниот куп против Македонија Ѓорче Петров на 20. мај, па денеска веројатно полесно ќе му биде на Вардар во дуелот со новиот прволигаш.

Најтрофејниот македонски клуб мора да го победи Силекс за да остане во трката со Воска за второто место и бараж за Првата лига.

Воска има три бода повеќе од Вардарна втората позиција и игра денеска со Беса на домашен терен и му гостува на Силекс во последното коло.

Ако Вардар и Воска на крајот на шампионатот имаат ист број на бодови што е можна варијанта, тогаш скопјани би играле бараж за Првата лига, бидејќи имаат подобар меѓусебен биланс од охриѓани.

- Оглас -

Најнови вести