Пример за верност: Навивач на Барса со пензија од 800 евра, му помогна на клубот со илјадарка

Навивач на Барселона со месечна пензија од 800 евра објави дека ќе му помогне на клубот со донација од илјада евра и го повика останатите симпатизери на шпанскиот гигант да се вклучат во акција во деликатни моменти, кога клубот е во голема финансиска криза.

Претходно претседателот на Барселона, Жоан Лапорта побара на Сибранието на клубот да  се резлизира планот кој предвидува да се даде зелено светло за одобрување на кредит од 1.5 милијарди евра за санирање на долговите, потоа и овластување за трансфер на пакет акции во вредност пд 49 посто за навивачите на Барселона и дозвола клубот да работи привремено со загуба.

Неодамна беше објавено дека Барселона има огромна финансиска дупка од околу една милијарди евра.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести