Принцот од Камбоџа сака да купи трофеен клуб и од него да направи нов ПСЖ

Фудбалскиот клуб Сент Етјен, кој со 10 титули е рекордер во францускиот фудбал, може да добие нов сопственик од Камбоџа, кој е подготвен да вложи премногу пари во клубот и од него да направи нешто слично како Катарците во ПСЖ. Сент Етјен е трофеен клуб, но последната титула ја освои пред 40 години, а пред 45 години играа и финале во Купот на европските шампиони (денешна Лига на шампиони).

Нородом Равичак е внук на поранешниот камбоџански крал Нородом Сиханук и потврди дека сака да го купи Сент Етјен, со што би му станал конкуренција на Катарецот Ал Тани, кој во 2011 година го купи ПСЖ и фрли многу пари, па сега парижаните имаат ѕвезден состав, веројатно најзвучен во Европа.

Сент Етјен одамна е во криза и ако евентуално се најде во рацете на Равичак, ќе дојдат подобри денови за клубот и француското првенство ќе добие уште еден кандидат за титула.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести