Принудниот одмор си има цена: Повредени двајца клучни играчи на Рома

Искусното крило Даниеле Пероти и голманот Пау Лопес ќе мора да одат на дополнителна пауза поради повреди. Двајцата клучни играчи на Рома ја платија цената за принудниот двомесечен одмор уште во првата недела по враќањето на тренинзите откако Пероти се пожалил на болки во мускулот од десната нога, а Лопес има проблеми со глуждот на раката.

Од таборот на Римската волчица потврдија дека ќе ја следат ситуацијата со двајцата играчи во следните денови, но се претпоставува дека повредите не се сериозни и дека и двајцата ќе бидат подготвени за рестартирањето на сезоната, кое е најавено во средината од јуни.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести