Привлечно коло на Спортска прогноза – Погодете „Тринаесетка“ со Црвени ѓаволи, Топчии, Волци…

Осмото коло на Спортска прогноза е привлечно за сè поголем број учесници во третата сезона од бесплатната игра во која можете да добиете „ајфон 11“ и ваучери од 1.000 и од 500 денари во Sport Life.

Новата „Тринаесетка“ за прогноза е составена од мечеви од Топ-5 лигите, што е познат терен за добрите прогнозери. Има интересни мечеви со Црвени ѓаволи, Топчиите, Волците…, а ваше е само да подготвите добра стратегија во атак на прекрасниот мобилен телефон што Спорт Манија и Sport Life го доделуваат како награда за секој што ќе погоди максимален број мечеви, 13 од основната програма.

Во фокусот е англиското дерби со долга традиција меѓу Манчестер јунајтед и Арсенал што ќе се игра во недела од 17.30 часот, а во понудата има уште неколку натптревари од Премиер лигата, Серија А, Ла Лига, Бундеслига и Лига 1.

Не заборавајте дека и поените од резервните дуели меѓу Осасуна и Атлетико Мадрид, односно Монако и Бордо се многу важни во трката за шампионската круна во Генералниот пласман.

Новиот шампион на Спортска прогноза ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи, а има награди и за прогнозерите што ќе бидат во Топ-5 на крајот од третата сезона на бесплатната игра.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести