Пробаа да играат, но не можеа од маглата: еден дуел од Конференциската лига ќе се доигра утре

Натпреварот од Конференциската лига помеѓу Словачко и Келн, вечерва започна со задоцнување, а откако екипите се мачеа 6 минути, судијата го прекина мечот и договорено е средбата да продолжи утре од 13 часот.

Густата магла во Ухерске Храдиште спречи нормално одигрување на фудбалски натпревар. Можеби долу на теренот играчите и гледаа нешто, но публиката на трибините и оние што следеа на телевизија немаа шанса да видат што се случува на теренот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести