Проблем за Полска: Милик поради повреда го пропушта ЕП

Аркадјуш Милик ќе го пропушти Европското првенство поради повреда на левото колено, потврдија од полската фудбалска репрезентација.

Иако фудбалерот на Наполи се подготвуваше со селекцијата за претстојниот континентален собир, за време на тренинзите е утврдено дека проблемот со коленото е сериозен и не ќе може да игра.

Со нападот на Полјаците командува Роберт Левандовски, го имаат и Кжиштоф Пјонтек, но сепак отсуството на Милик е хендикеп за Полска, која во групната фаза ќе се соочи со Словачка, Шведска и Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести