Проблем за Реал Мадрид, се повреди еден од играчите кои се во најдобра форма

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, во следните околу две недели, ќе мора да се откаже од услугите на десниот бек Даниел Карвахал, кој е повреден и ќе пропушти неколку важни мечеви периодов.

Карвахал, кој ја носи капитенската лента кога на терен ги нема Начо и Модриќ, сезонава игра одлично, па неговото отсуство може да биде проблематично за Реал.

Сигурно е дека Карвахал нема да игра утре против Унион Берлин во меч од Лигата на шампионите, ниту на градското дерби со Атлетико Мадрид в недела, што е поголем проблем. Потоа сред недела следува дуел со Лас Палмас, а прогнозите се дека Карвахал би можело да се врати најрано на гостувањето кај опасната и разиграна Жирона на 30 септември или на 3 октомври, кога Реал има друго тешко гостување, кај Наполи во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести