Проблем за Солскјер: Разиграниот талент е неизвесен за дуелот со Кристал палас

Оле Гунар Солскјер најверојатно ќе мора да прави измени во составот за утрешното гостување кај Кристал палас во рамки од 36-тото коло во Премиер лигата.

Талентираниот напаѓач Мејсон Гринвуд се здоби со мала повреда на глуждот во минатиот дуел против Саутхемптон, по што неговиот настап е неизвесен за утрешниот меч. Повредата на расположениот Гринвуд доаѓа во клучен момент за Црвените ѓаволи, бидејќи 18-годишниот голгетер е меѓу најефикасните играчи на тимот откако продолжи сезоната.

Во последните шест меча, Гринвуд реализира четири гола и намести еден, учинокот му помогна да се наметне кај Солскјер, а воедно придонесе за екипата да се бори за пласман во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести