Проблеми во „рајот“: Се искараа Дурант и Грин (видео)

Вербална расправија настана меѓу Кевин Дурант и Дрејмонд Грин, ѕвездите на Голден стејт вориорс, откако актуелниот бранител на титулата вчера загуби од ЛА клиперс по продолженијата (121:116). Целата фама настана по грешката која ја направи Грин во последните секунди од регуларниот дел од средбата.

При резултат од 106:106, Голден стејт имаше последен напад, по кој можеше да издвои победа. Топката беше во рацете на Грин на пет секунди до крајот, па наместо да му додаде на соиграч кој имаше позиција за чист шут, тој одлучи да оди сам до кошот, но ја загуби топката, по што времето истече, па победникот мораше да се одлучува во дополнително време.

За време на кратката пауза, Дурант и Грин разменија неколку зборови, а медиумите од САД известуваат дека расправијата продолжила и во соблекувалната. Наводно, Дурант го обвинува Грин за поразот, сметајќи дека требало да му ја даде топката и да добие шанса да го реши натпреварот.

 

- Оглас -

Најнови вести