Проблемите за Англичаните продолжиле и по мечот во Софија

Гордиот Албион одговори со шест гола во мрежата на Бугарија по расистичките навреди кои се слушаа од трибините за време на квалификацискиот меч во Софија. Дуелот беше прекинат на двапати во првото полувреме, но Англичаните и покрај вербалната тортура, одлучија да го доиграат мечот и подобро што останаа на теренот.

Нацистички поздрави, мајмунски крици кон црномурните англиски фудбалери се дел од навредите кои се слушаа од трибините, но тука не е крајот на проблемот со расизмот. Како што известува новинарот на „Скај спортс“, Кави Солкол, за време на прес-конференцијата еден бугарски  новинар го прекинал селекторот Саутгејт тврдејќи дека навредите не биле дотолку остри, додека еден камерман извикал „е*и се“ кон англискиот селектор.

Англичаните пријавуваа секаков инцидент кој ќе го забележеа за време на натпреварот, а Фудбалската асоцијација бара од УЕФА да отвори истрага со цел да се продолжи битката против расизмот.

- Оглас -

Најнови вести