Проблемот со кучињата е решен, и Фабињо се сели во Саудиска Арабија

Саудиските екипи се вистински хит во летниот преоден рок, не прашуваат за цена и речиси секојдневно ангажираат фудбалски ѕвезди кои играат за најдобрите европски екипи, а последен кој се сели на Блискиот Исток е Фабињо.

Бразилецот Фабињо од следната сезона ќе го носи дресот на Ал-Итихад.

Ливерпул од продажбата на Бразилецот ќе добие 45 милиони евра отштета, а Фабињо ќе потпише тригодишен договор кој ќе му носи 25 милиони евра по сезона.

Ова значи дека е пронајдено решение за домашните миленици на фудбалерот, две кучиња од расата француски булдог, кои се забранети во Саудиска Арабија бидејќи се сметаат за опасни и агресивни кучиња.

Фабињо ќе биде вториот фудбалер кој од Ливерпул се сели во Саудиска Арабија, пред него тоа го стори капитенот Џордан Хендерсон кој потпиша за Ал-Етифак каде тренер е легендарниот капитен на Црвените, Стивен Џерард.

https://twitter.com/NicoSchira/status/1684965318278488067?s=20

- Оглас -

Најнови вести