Продолжува серијата на Атлетико, 11-ти пат во низа ја победи Осасуна (Видео)

Екипата на Атлетико Мадрид забележа сигурна победа од 0-2 на гостувањето кај Осасуна во последниот натпревар од седмото коло на Ла Лига.

Избраниците на Симеоне дојдоа во водство уште во 20-тата минута преку Антоан Гриезман, а конечните 0-2 ги поставија во самиот финиш од мечот, односно во 81-вата минута преку Рикелме.

До крајот на мечот двете екипи заработија по еден црвен картон. Кај домашните исклучен беше Авиља, додека кај гостите втор жолт заработи Мората. Црвен картон заработи и тренерот на Осасуна, Арасате.

- Оглас -

Најнови вести