Прогнозер од Влае со бонус од над 2.000 евра, до добивка од 147.704 денари

Добриот избор на натпревари од тенис, хокеј, ватерполо и фудбал на прогнозер кој уплатил тикет во обложувалницата на Sport Life во скопско Влае му донесе одлична добивка и огромен бонус. Овој прогнозер уплатил само 25 денари, а на тикетот има дури 20 парови со „сигурни“ квоти од 1,35 до 1,53. Тоа му донесе бонус од 126.900 денари и вкупна добивка од 147.704 денари.

Прогнозерот го фати последниот воз со бонусот бидејќи овој бонус се доделуваше до 14-ти октомври.

Тој внимателно одбрал 20 меча од разни спортови, кај тенисот има и сингл и дабл, и тоа му се исплатеше. Од фудбалските мечеви, најкритичен беше дуелот меѓу Португалија и Луксембург на којшто му требаа три гола, а Португалците во 89-тата минута го постигнаа третиот гол на мечот.

ВЕЛЕШАНЕЦ СО 50 ДЕНАРИ УПЛАТА, НАПРАВИ ТИКЕТ СО ЧЕТИРИ ПАРА И ОСВОИ 245.000

Комбинација од игрите полувреме-крај со број на голови, или ГГ, на еден прогнозер кој уплатил тикет во обложувалница на Sport Life во Велес му донесе феноменална добивка од 245.588 денари, и тоа со скромна уплата само од 50 денари.

Овој тикет е доказ дека и не мора да погодат огромен број натпревари за голема добивка. Потребни се претчувство, храброст и среќа. Ако ги имате, ќе се радувате како овој велешанец.

Тој прогнозирал дека на мечот во Скопје, кој нашите го добија со 2-1, дека на полувреме ќе биде нерешено, на крајот ќе слави Македонија, но и дека двата тима ќе дадат гол. Словенија погоди од пенал во самиот финиш. Тој гол нив ништо не им значеше, но на велешанецот му значеше и тоа како.

На тикетот се уште и два меча со прогноза Х-1 комбинирани со ГГ (Австрија-Израел) и 3-6 гола (Русија-Шкотска). Најмалата квота е 2.95 за „еден во еден“ победа на Хрватска над Унгарија и три постигнати голови.

- Оглас -

Најнови вести