Прогнозер во Охрид погоди 36 парови и заработи над 106.000 денари

Викендов имаше доста изненадувачки резултати низ фудбалските терени во Европа, а еден прогнозер во Охрид успешно ја избегна „мината“ и реши да се обложи на други спортови и тоа му се исплатеше.

Најдобриот добитен тикет викендов во SPORT LIFE е уплатен во саботата, кај автобуската станица во Охрид и носи добивка од 106.374 денари. Уплатата е 400 денари, а погодени се дури 36 парови, ниту еден фудбалски.

На ливчето има најмногу кошаркарски натпревари, на кои им се додадени и одбојкарски, ракометни. Прогнозерот одел на „сигурно“, погодените квоти се движат од 1.03 (има два такви меча на ливчето и еден со коефициент 1.04) до 1.40 (победа на Галатасарај над Бахчешехир во турската кошаркарска лига). Прогнозиран е конечен исход, „единица“ или „двојка“ и, за среќа на играчот, сите 36 желби му се исполнија.

Она што фасцинира при погодените 36 натпревари е што многу внимателно се одбирани и има голем микс од секакви лиги, а не е ставен фокусот само на една. Погодени се кошаркарски мечеви од јадранската АБА-лига, Грција, Литванија, Полска, Шпанија, Турција, Франција, Германија.

- Оглас -

Најнови вести