Прогнозерите беа одлични – Фалеше само гол на Штутгарт за „ајфон 11“, Sport Life додели едно чудо ваучери

Прогнозерите се во топ-форма на почетокот на третата сезона на Спортска прогноза, а второто коло за малку ќе го донесеше и првиот добитник на главната премија, прекрасниот мобилен телефон „ајфон 11“.

Марко и Игор немаа среќа и промашија ист пар, Штутгарт против Фрајбург, а фалеше само еден гол за погодена тринаесетка.

Штутгарт загуби дома со 2:3 и ја однесе можноста тандемот учесници со 12 погодени натпревари да се закитат со главната премија што Спорт Манија и Sport Life ја доделуваат во секое коло на бесплатната игра.

Поблиску до добивка беше Марко, кој типуваше на нерешен резултат на „Мерцедес бенц арената“ во Штутгарт и малку фалеше домаќините комплетно да ја анулираат негативата од 0:3 и да стигнат до 3:3.

Сепак, тоа не се случи, па ќе остане шансата веќе во следното коло што ќе можете да го типувате од денеска по 14 часот да се стигне до максимален број погодени натпревари за „ајфон 11“.

За Марко и Иван, кои покажаа дека е возможно да се стигне многу блиску до комплетна тринаесетка и на чекор до прекрасниот мобилен телефон, Sport Life веќе им додели ваучери од по 1.000 денари.

Имаше уште 10 прогнозери во ова коло што погодија по 11 натпревари и за нив има убави награди, односно ваучери во Sport Life од по 500 денари.

И битката во Генералниот пласман уште од стартот на новата сезона станува возбудлива, трката за ТВ Смарт од 48 инчи што ќе го добие шампионот ќе биде интересна и не е доцна да се вклучите со свои прогнози уште денеска, во рамките на третото коло, што ќе може да се типува по 14 часот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести