Прогнозерите фатија ритам, „ајфонот“ е се поблиску

Прогнозерите фатија ритам и многу малку фалеше во минатото коло на Спортска прогноза да имаме добитник на главната премија „ајфон11“, откако двајца учесници во бесплатната игра на Sport Life и Спорт Манија погодија 12 од потребните 13 двојки за прекрасниот мобилен телефон.

Стандардно наградата останува и за оваа и за сите останати рунди до крајот на третата сезона, што е нов предизвик да се одигра и 27. коло.

Прогнозирањето е во тек, правилата се едноставни и треба да се погодат сите 13 пара во 27. коло за да бидете првиот добитник на „ајфон 11“ во третата сезона на играта што носи многу забава и пред се е бесплатна.

За учеството треба само да имате СЛ картичка од Sport Life, а потоа во неколку едноставни чекори и да ги прогнозирате 13+2 натпревари во ова коло, до сабота до 15.30 часот.

Стандардно и во оваа рунда има неколку големи дерби натпревари, а во фокусот се двете од Англија и од Шпанија. Во градското дерби на Лондон и тоа од Северниот дел на градот ќе играат Арсенал и Тотенхем во недела од 17.30 часот, а како плаг и последен меч што е во понудата е дербито на Севилја помеѓу домашниот тим што го носи името на градот и Бетис.

Многу интересно ќе биде и во малото кнежевство, каде Монако и Лил ќе играат исклучително важен меч во битката за титулата во Франција и во Милано, каде Милан ќе му биде домаќин на Наполи.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести