Ако се суди според првите 24 часа од почетокот на типувањето за 11-тото коло на бесплатната Спортска прогноза, огромно мнозинство од играчи кои веќе се изјасниле не верува дека Јувентус може да триумфира на дерби-гостувањето кај Наполи.
Досега само 9,84 проценти од прогнозерите играле „двојка“ на Јуве, а над 90 отсто се или за победа на домашните или за реми.
Дуелот меѓу актуелниот италијански првак и најтрофејниот клуб е најпривлечниот во 13-ката, но тоа е само мал чекор од главниот предизвик кој треба секој прогнозер да го помине за да стигне до Среќна 13-ка, односно да ги погодат фиксовите на сите 13 дуели што носи подарок iPhone 16.
За една утка и 12-ка се добива вредносен ваучер од Sport Life од 1.000 денари, а 11-ката носи ваучер од 500 денари.
Типувањето за ова коло трае до сабота во 15 часот. Инаку, како што стојат работите, мнозинството прогнозери си има повеќе фаворити, дури кај 11 пара има прогноза која ја „кликнале“ над 50 отсто играчи.


