Прогнозерите имаат одлични идеи, приклучете им се на Спортска прогноза до 15.30 часот

Прогнозерите тргнаа одлично во новата сезона на Спортска прогноза, во минатото коло двајца учесници беа на само еден погодок до вредниот ајфон 11, а трката по супер атрактивната награда што ја доделуваат Спорт Манија и Sport Life продолжува.

Имате време да се приклучите со свои прогнози до денеска до 15.30 часот, до моментот на почетокот на првиот меч од ова коло меѓу Баер Леверкузен и Лајпциг.

Дербито во Бундеслигата ќе означи почеток на третата рунда, а грото прогнозери очекуваат победа на гостите, или реми. Прогнозирањето е лесно, можете веднаш да се приклучите, а не е лошо да го послушате и советот на бројната армија учесници во играта што е бесплатна.

За денеска фаворити на прогнозерите се и Евертон против Кристал Палас на гостински терен во меч од Премиерлигата од 16 часот, потоа и Сент Етјен со Рен во француската Лига 1 и Реал Сосиедад како гостин против Елче во шпанската Ла Лига.

На популарната тринаесетка има и 7 натпревари од недела и интересни прогнози, кои лесно можете да ги проверите на сајтот на Sport Life.

Ова коло ќе заврши во понеделник со два дуели, не заборавајте да ги погодите и резервните парови,кои носат поени во битката за Генерален пласман, каде шампионот ќе добие награда ТВ Смарт од 48 инчи.

Играта е бесплатна и забавна има и многу убави награди и не заборавајте да се приклучите со свои прогнози денеска до 15.30 часот.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести