Прогнозерите имаат „составено“ луд тикет кој има коефициент 934

Вчера се одиграа пет меча од второто коло на Спортска прогноза, што значи дека денеска за следење има уште осум средби кои сите оние кои се дел од оваа бесплатна игра и ќе чекаат како ќе завршат конечните резултати. Традиционално како и во првата сезона, во недела ви нудиме тикет кој е „составен“ според мислењето на најголем број од играчите на Спортска прогноза, односно процентот кој преовладува при типувањето тие на дуелите кои се на понудата од Спортска прогноза.

Во 14 часот започнува мечот Алавес – Севилја,а дури 75 отсто, од преку 800 прогнозери типуваат дека ќе биде „двојка“. Коефициентот за победа на Севилја во Sport Life e 2,05. Следи италијанскиот дуел меѓу Бреша и Болоња, а прогнозерите со повеќе од 57 отсто се убедени дека ќе биде нерешено, со коефициент 3,25.

Следуваат три „кеца“. Два во Фрација и еден во Белгија. Нант треба да е фаворит на свој терен против Ремс, а тоа го тврдат и 70 отсто од прогнозерите, додека преку 87 отсто е сигурноста дека Сент Етјен ќе победи против Тулуз. За првиот меч, „кецот“ е 2,22, а за победа на Сент Етјен се дава коефициент 1,70. Победата на Гент против  Мехелен треба да е најсигурна од цела понуда за второто коло на Спортска прогноза. Неверојатни 94 отсто веруваат во триумф на домаќините, а коефициентот е 1,52.

Монако – Олимпик Марсеј и Астон вила – Вест хем се двојки кои се со голема дилема за прогнозерите. Најчесто во таков случај, кога нема изразит фаворит, одлуката е да се одигра „икс“. За првиот меч безмалку 50 отсто веруваат во реми, а над 40 отсто е иста ситуацијата и за англискито дуел. Да биде реми во Монако, коефициентот е 3,25, додека дуелот во Бирмингем да заврши без победник е со коефициент 3,30.

Како за крај на „лудиот“ тикет следи и една потенцијална победа на Валјадолид на свој терен против Осасуна. Во ова веруваат 56 отсто од прогнозерите, а коефициентот е 2,28.

Вкупниот коефициент на овие осум меча во Sport Life e дури 934,5, што е одлична можност да се проба среќата, но и да се види колку прогнозерите имаат чувство за тоа кои фиксови се најреални на денешните средби од второто коло на Спортска прогноза.

 

- Оглас -

Најнови вести