Прогнозерите нудат тикет со 100 денари за 16.000 денари

Тикет со седум Леванте парови ви нудиме за денеска, а главниот збор го имаат играчите на Спортска прогноза. Тоа се мечевите кои се дел од ова коло на Спортска прогноза во кое учествуваа 501 прогнозери.

Возбудувањата треба да започнат со дуелот Леванте – Еспањол. Домаќините се само еден бод од зоната за испаѓање и победа им е повеќе од потребна. Еспањол е сигурен на средина од табелата. Речиси 59 отсто од прогнозерите веруваат во „кец“ со коефициент 2,35.

Вториот шпански дуел за денеска е Хетафе – Севилја. Ова ќе биде борба за четвртото место на табелата. Севилја има бод повеќе, но Хетафе со победа може да стигне до историско место во Лигата на шампиони за следната сезона. Сепак, Севилја е поискусен тим, а така веруваат и поголем дел од прогнозерите. Само 13 отсто се за победа на Хетафе, додека 51 отсто веруваат во радост на гостите. За посигурна варијанта тука предлагаме Х2 со коефициент 1,37.

Евертон – Манчестер јунајтед уште синоќа ви ја посочивме како сигурна „двојка“. На гостите им се потребни бодовите за влез на едно од првите четири места на табелата. Така размислуваат и 68,86 отсто од прогнозерите. Коефицинетот е 2,35.

Најнеизвесен може да биде мечот Ремс – Сент Етјен. Тука ни прогнозерите немаат заземено сигурен став. Во француски стил, дури 42 отсто веруваат во нерешен резултат. „Иксот“ е со коефициент 3,10.

Аланија – Фенербахче е уште една двојка во најава. Гостите треба да покажат дека Фенер е дел од триото гиганти во Турција, а така веруваат и 66 отсто од прогнозерите. Победа за Фенербахче носи коефициент 2,70.

Од сите денешни дуели најсигурен треба да е Вилјареал – Леганес. Дека трите бода ќе останат за домаќините веруваат дури 85 отсто од играчите на Спортска прогноза, така да нема дилеми. Коефициентот е 1,77. Последниот пар за денеска повторно е од Шпанија. Бетис против Валенсија. Речиси израмнет е процентот на оние кои веруваат во „икс“ и во победа на гостите. Под 20 отсто се оние кои очекуваат Бетис да се радува, па затоа најсигурно е Х2 со коефициент 1,42.

Ако се соберат коефициентите на овие седум натпревари се добива вкупен коефициент од 159. Тоа значи дека за 100 вложени денари, можната добивка е 15.916 денари. Дефинитивно вреди да се пробаат советите на прогнозерите.

 

 

- Оглас -

Најнови вести