31.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Прогнозерите повеќе му веруваат на Интер отколку на Милан

Помина половина од времето за прогнозирање за третото коло сезонава на бесплатната игра на Sport Life, Спортска прогноза, а мнозинството играчи кои досега се изјаснија, за најголем дел од мечевите од основната понуда имаат свои фаворити.

Прв меч во Среќната 13-ка е дуелот на Јувентус со Лацио, средба која почнува в сабота, во 15 часот и тоа е крајниот термин до кој може да се типува. Инаку, за ова италијанско дерби дури 83,56% од играчите прогнозираат кец, а само 4,1 отсто веруваат во победа на Лацијалите.

Од гостинските екипи, најголем фаворит на прогнозерите е Атлетико Мадрид, кој оди кај Валенсија на „Местаља“, а над 70 отсто играчи типуваат гостинска победа и на Ајнтрахт против Бохум.

Како и во минатата сезона, за погодена 13-ка подарокот сами си го бирате.

Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

Сони плејстејшн 5.

Подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.

Прифатете го предизвикот и бидете во трка за добивање примамливи подароци!

- Оглас -

Најнови вести