Прогнозерите повеќе му веруваат на Интер отколку на Милан

Нашата и ваша Спортска прогноза се враќа во својот препознатлив сјај, со натпревари од најатрактивните лиги во Европа, викендов е пребогат со дербија, а доколку ги погодите исходите на 13-те средби во основната понуда, ќе освоите „ајфон 11“. Првиот натпревар (Наполи – Аталанта) се игра в сабота, од 15 часот, и тоа е терминот до кој треба да типувате.

Играта е бесплатна и достапна за сите оние кои имаат Sport Life картичка. Треба само да се логирате и да учествувате во популарната игра.

Милано во сабота и Белград во недела ќе бидат во фокусот на интересот и на прогнозерите. Според досегашните типови, 60 проценти веруваат дека Интер ќе го победи Милан, а за белградското дерби најмногу прогнозери типувале на нерешено. Има и други дербија, како она на Манчестер сити и Арсенал, но таму над 80 проценти од прогнозите се дека ќе слават домашните.

Покрај главната награда „ајфон 11“ за секое коло, има и многу други вредни награди, како ваучери во Sport Life во вредност од 500 денари за 11 погодоци и од 1.000 денари за 12-ка.

Тука се и двата резерви пара кои се бодуваат за Генерален пласман во трката за ТВ Смарт од 48 инчи, што ќе го добие шампионот во третата сезона на Спортска прогноза.

- Оглас -

Најнови вести