Прогнозерите се сигурни за седум од денешните 10 меча, дали вие се сложувате со нив?

Дури 10 меча од 31. коло на Спортска прогноза се играат денеска, а до 14 часот имате можност да прогнозирате и да бидете во трка за освојување на Среќна 13-ка, односно да се добие некои од подароците кои се нудат во секое коло. Прогнозерот со погодени 13 натпревари одбира еден од подароците (Смарт Тв Самсунг 55”4K,Xiaomi Електричен тротинет, X Box Series X). Прогнозерот со погодени 12 натпревари добива ваучер од 1000 денари, а тој со погодени 11 натпревари добива ваучер од 500 денари.

Од десетте средби кои се играат денеска на дури шест има изразити фаворити. Во победа на Вилјареал кај Жирона веруваат 73 отсто, а дури 77 отсто чекаат „кец“ на Херта против Бохум. Со преку 70 отсто сигурност се и победа на Шалке против Ајнтрахт Франкфурт, триумф на Вердер над Келн, радост на Фулам против Кристал Палас, како и „кец“ на Нант во дуелот со Монпелје. Со 60 отсто се чека двојка на Хофелхајм – Унион Берлин.

Неизвесни треба да бидат три средби и тоа: Кремонезе – Болоња, Вулверхемптон – Евертон и Лил – Олимпик Марсеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести