Прогнозерите за шест меча нудат коефициент 60, а има и два двознаци

Двајца прогнозери имаат максимални шест погодоци по вчерашните мечеви кои се одиграа во 14. коло на Спортска прогноза. Денеска се играат уште шест дуели, од кои се две дерби.

Дури 80 отсто веруваат дека последнопласираниот Хетафе ќе победи на свој терен во дуелот против Кадиз, кој истотака е во долниот дел од табелата. На Мец- Бордо, најмногу се шансите за нерешено барем според 56-те отсто што типувале „икс“.

Сампдорија ќе победи на гости кај Салернитана според 66 отсто од прогнозите на преку 2.000 играчи на Спортска прогноза. Интер нема да загуби на „Џузепе Меаца“ во дербито од Наполи. Точно 50 отсто се за кец, а 38 отсто се за нерешено, што значи дека над 88 отсто веруваат дека Наполи нема да се радува на трите бода.

Бетис на гости треба да го победи Елче, ако им се верува на безмалку 70 отсто од прогнозерите. За крај на денот има уште едно дерби, овојпат во Франција, а и тука шансите за победа на гостите се минимални. Играат Олимпик Лион – Олимпик Марсеј а дури 95 отсто не веруваат дека тимот од Марсеј ќе победи.

1306 Хетафе – Кадиз                                1     2.05

1706 Мец – Бордо                                     Х     3.15

3005 Салернитана – Сампдорија               2      2.50

3007 Интер – Наполи                               1Х     1.33

1308 Елче – Бетис                                    2       2.25

1710 Олимпик Лион – Олимпик Марсеј      1Х     1.25

—————————————————————-

Вкупен коефициент                                       60.38

 

- Оглас -

Најнови вести