Промашувањето на сезоната беше на дуелот Астон вила – Вулверхемптон (Видео)

Астон вила и Вулверхемптон одиграа меч без погодоци во Бирмингем, а гостите се тие кои треба да жалат што не заминаа со цел плен. Мароканскиот интернационалец во редовите на Вулверхемптон Роман Сас го имаше промашувањето не само на мечот, туку може да се каже и на сезоната во Премиер лигата.

Гостите изведоа корнер, топката беше спиштена пред голот на Астон вила, каде се најде Сас, кој успеа од само еден метар да го префрли голот и да не ја затресе мрежата на домаќините. На крајот, мрежите на двата тима мируваа и екипите освоија по еден бод.

Неверојатното промашување на играчот на Вулверхемптон може да го погледнете ТУКА.  

 

- Оглас -

Најнови вести