Промена на планот – Палермо сака да ги задржи Несторовски и Трајковски

Илија Несторовски и Александар Трајковски би можело да го продолжат престојот во Палермо, особено по промената на статусот на клубот од Сицилија, кој успеа да избегне преселба во Серија Ц.

Во Палермо се променија плановите со одлуката на арбитражата на жалбата на клубот и задржување на статусот на второлигаш.

Розевите се подготвуваат за нов атак на пламсан во Серија А и нема да има распродажба најавуваат локалните медиуми.

„Најблиску до заминување е Пушкаш, кој има понуда од Стеауа. Алесами е слободен играч, а клубот сака да ги задржи и Несторовски и Трајковски. Освен ако за нив нема понуда што не се одбива, а засега таква нема“, објави „Медијагол“.

Палермо беше исфрлен од плејофот за пласман во Серија А, дури неколку дена беше на пат кон Серија Ц, но по жалбата која е позитивно решена, клубот останува член на Серија Б.

Трајковски пристигна во Палермо во 2015 година и има важечки договор до идното лето, а капитенот на тимот Несторовски пристигна во клубот во 2016 година, а договорот му важи до 2021 година.

Моментно и двајцата се на подготовки во Скопје со нашата репрезентација за квалификациските дуели со Полска на 7 јуни и со Австрија три дена подоцна.

- Оглас -

Најнови вести