Променет судијата за „Ел Класико“, ќе свири човекот кој досуди три пенали против Реал и го исклучи Меси

Судијата Матеу Лахоз имал повреда која ја здобил на мечот Баерн Минхен – ПСЖ, па откажа да дели правда на утрешното мега дерби во Мадрид во кое се среќаваат најлутите шпански ривали Реал и Барселона. На местото на Лахоз, делегиран е Хезус Хил Мансано, искусен арбитар кој Реал и Барса сезонава не го паметат по добро.

Мансано е судијата кој влезе во историјата како прв кој досудил три пенали против Реал Мадрид на еден ист меч. Тоа се случи на гостувањето на Реал кај Валенсија.

Тој испиша историја и како прв судија кој му покажал црвен картон на Лионел Меси на еден меч во сениорската клупска кариера. Меси беше исклучен во финалето на Суперкупот против Атлетик Билбао.

Последен меч на кој судеше Мансано беше Севилја – Атлетико Мадрид во минатото коло, кога андалузијците победија со 1-0 и им помогнаа на Реал и Барса да му се доближат на лидерот. Инаку, овој судија од областа Екстремадура, во кариерата судел едно Ел Класико, во сезоната 2014/2015, кога мадридскиот тим победи со 3-1. Тогаш Барса повеќе преку Нејмар, а Реал со Карло Анчелоти на клупата, направи пресврт со голови на Кристијано Роналдо, Пепе и Бензема.

- Оглас -

Најнови вести