Прометно во Тотенхем, Сесењон и Ло Селсо дојдоа на медицински прегледи

Во последниот ден од преодниот рок во Премиер лигата, Тотенхем е во трка со времето да ги официјализира ангажманите на Џовани Ло Селсо од Реал Бетис и младиот Рајан Сесењон од Фулам. Утринава беа прифатени двете понуди од Петлите – 55 милиони фунти ќе се одбојат за услугите на Аргентинецот, додека Фулам ќе инкасира 25 милиони фунти за својот талент, а ќе добие и играч од академијата на клубот од Лондон.

Ло Селсо подолго време е желба на Покетино, кој прег крајот на минатата сезона го оствари перманентниот трансфер од ПСЖ по позајмицата во Андалузија. Преговорите вчера ја минаа завршната фаза, а како што известуваат англиските медиуми, тој е веќе во Лондон каде што треба да ги изврши медицинските прегледи.

Заедно со него е и Сесењон. Талентираниот англиски репрезентативец беше мета на неколку англиски гиганти откако покажа зрелост минатата сезона во дресот на Фулам. Петлите уште во јануари се обидуваа да го ангажираат деветнаесетгодишното крило кое по потреба може да игра и на позицијата лев бек.

Завесите на преодниот рок се спуштаат во 18 часот, што значи дека Тотенхем има доволно време да ги официјализира најновите аквизиции.

- Оглас -

Најнови вести