Против нас и против своите – Втор хет-трик за Асенсио, сефте направи против Македонија на ЕП (Видео)

Марко Асенсио долго чекаше за втор хет-трик во кариерата, а го постигна вчера против својот прв клуб во професионалната кариера, Мајорка.

Реал Мадрид победи со 6:1 во меч со двајца јунаци, Марко Асенсио и Карим Бензема. Асенсио погодуваше во низа во 24-тата, 29-тата и во 55-тата минута, со што конечно го постигна првиот хет-трик како играч на Реал Мадрид.

Но, тоа не му е прв трилинг голови на еден меч, а го паметиме неговото сефте со хет-трик токму против Македонија.

На младинското Европско првенство во Полска во 2017 година Марко одигра одлично во историскиот прв меч за нас на големите натпреварувања и постигна три гола во победата на Шпанија од 5:0.

Вчера, по четири години пауза, поворно стрелаше со хет-трик и повторно се радуваше на победа од пет гола разлика. Блескаше и Карим Бензема со два гола и две асистенции, а и тој имаше неколку причини за радост.

Го постигна 200-тиот гол како играч на Реал Мадрид, што е убав подвиг, а патем и стана првиот фудбалер во овој милениум во Ла Лига со ефект од 8 гола и 7 асистенции во првите шест кола, нешто што не им појде од рака на дуото Меси-Роналдо, играчи кои ги одбележаа грото од овие 21 година во овој век.

 

- Оглас -

Најнови вести