Против шампионски тимови, предност од 1-0 на полувреме не е доволна (Видео)

Интер со 3-1 победи на гостувањето кај Фиорентина, иако по првите 45 минути, Виолетовите водеа со 1-0. Вечерва и шпанскиот и италијанскиот првак победија со пресврт „еден во два“ и привремено ги презедоа првите места во своите лиги.

Дармијан и Џеко за две минути во 53-тата и 55-тата погодија за пресврт, а точка стави Перишиќ, откако претходно домашните останаа и со човек помалку на теренот на „Артемио Франки“ по исклучувањето на Николас Гонзалес, кој двата жолти картони ги доби за приговор кон судијата. Интер со 18 гола во пет кола е најефикасна екипа во топ 5 лигите.

- Оглас -

Најнови вести