Противникот на Ѓоковиќ најавува: Ме очекува најтешката задача во историјата на тенисот

Новак Ѓоковиќ имаше кошмарен старт на 2022 година откако не доби дозвола за настап на првиот Гренд слем турнир во сезоната, Отвореното првенство на Австралија. Србинот доби и забрана од три години за влез во земјата, а потоа не смееше да настапи ниту на Гренд слем турнирот во САД, како и на сите турнири кои беа на северноамериканскиот континент.

И покрај тоа, Ѓоковиќ имаше добра сезона, а сега има шанса 2022 година да ја заврши со трофеј на последниот Мастерс, тој во Торино. Србинот вечерва од 19 часот ќе игра во финалето против Каспер Руд.

Норвежанецот досега три пати играл против Ѓоковиќ и не само што три пати загубил, туку му нема освоено ниту еден сет. Руд е свесен дека го чека многу тешка задача во финалето.

„Финале против Ѓоковиќ во сала? Тоа е нешто најтешко во историјата на нашиот спорт. Знам дека ќе мора да направам нешто што досега немам направено против него, затоа што никогаш не сум го победил. За почеток, морам да верувам во победа. Нема да биде лесно, но ќе го дадам најдоброто како и на секој меч“, вели Руд.

- Оглас -

Најнови вести