Процвета фудбалска романса меѓу Мурињо и иконата на Рома

Во првиот ден од јули, Жозе Мурињо и официјално ќе почне со својата нова авантура во Рома. Со нетрпение чекаат навивачите на Римската волчица, но и иконата на калчолигашот, Франческо Тоти, кој истакна дека Рома го доби најдобриот тренер во светот.

„Едвај чекам да го видам Мурињо како работи во Рома. Сега го имаме најдобриот тренер во светот“, посочи екскапитенот на Рома.

Мурињо му одговори на „принцот на Рим“ преку социјалните мрежи споделувајќи заедничка фотографија на „Инстаграм“ како двајцата се поздравуваат додека Специјалниот беше предводник на Интер.

„Ти благодарам Франческо за убавите зборови. Единствено ми е жал што доцнам четири години со овој ангажман. Ќе ми беше привилегија да бидам тренер на играч како тебе“, одговори Мурињо.

Тоти се пензионира по крајот на сезоната 2016/17, поминувајќи ја цела своја кариера на „Олимпико“.

- Оглас -

Најнови вести