Провокација до римјаните: Фанови на Севиља се шетаат со маици со впишана нова титула во Лигата на Европа

Околу 13.000 навивачи на Севиља денеска се во Будимпешта со билети за финалето на Лигата на Европа, а расположението меѓу нив е позитивно, тие се навикнати да победуваат во финалињата во второто по квалитет клупско натпреварување во Европа.

Севиља има шест титули во Лигата на Европа, и тоа од шест финалиња. Не знаат за пораз во финале на ЛЕ и затоа нивните навивачи се убедени во победата. Меѓу шпанските фанови има и некои што носат маици со бројот 7 на грбот, симболизирајќи седум титули во Лигата на Европа.

Очигледно е дека не се суеверни, а и не се плашат дека тоа може да има контраефект и да делува дополнително мотивирачки за противникот.

- Оглас -

Најнови вести