Прв пораз на Хајдук, Вараждин победи со најубавиот гол сезонава во Хрватска (Видео)

Вараждин го изненади Хајдук со 1-0 и на сплитските Бели им го нанесе првиот пораз сезонава во хрватската лига. Хајдук остана прв на табелата, но има само три бода повеќе од Риека, а четири од Динамо Загреб.

Димитар Митровски го одигра целиот меч за домашните, а кај гостите од Сплит, половина час одигра Александар Трајковски. Тој влезе во игра при негатива на Хајдук од 0-1.

Голот за Вараждин беше ремек дело на Микеле Шего, некогашен играч на Хајдук, па тој не сакаше да го прославува погодокот кој е најубав во Хрватска сезонава.

- Оглас -

Најнови вести