Прва победа за Македонија на СП, убедливо совладана Црна Гора

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија ја забележа првата победа на Светското првенство во Ријека, откако вечерва ја совлада Црна Гора со убедливи 29-20.

Откако на првиот меч несреќно загубивме од Норвешка со 27-25, нашите младите ракометари денес покажаа дека имаат квалитет и се на чекор од пласман во Главната рунда, односно помеѓу најдобрите 16 кадетски селекции во светот.

Почетокот на првото полувреме против Црна Гора беше изедначен, а така беше се до самиот финиш кога Македонија дојде до озитива од +2, односно 12-10, резултат со кој се замина на паузата.

Во второто полувреме Македонија покажа дека е подобрата репрезентација и победата во ниту еден момент не беше доведена во прашање. Предноста постојано растеше, за на крајот мечот да заврши со највисоките девет голови предност, 29-20.

Најефикасни во нашата репрезентација беа Стојановски, Димковски, Шулески, Белистојановски и Ристевски, сите со по три голови.

Последниот натпревар од групната фаза ќе го одиграме утре во 17:30 часот против селекцијата на Грузија.

- Оглас -

Најнови вести