Прва победа за Винјалес оваа сезона

Маверик Винјалес ја освои Големата награда на Холандија по денешната трка на патеката „Асен“. Шпанскиот возач на Јамаха беше побрз од Марк Маркес за 4,8 секунди, кој пак заврши на втората позиција. Фабио Квартараро од тимот на Петронас Јамаха како трет се искачи на подиумот.

Андреа Довициозо направи одличен подвиг и заврши на четвртата позиција иако стартуваше како 11-ти. Морбидели исто така извозе добра трка и заврши на петтото место, а започна од деветтата позиција.

За Винјалес ова е премиерна победа сезонава во Мото ГП, односно вкупно шеста откако се натпреварува во кралската класа.

По осум трки во Мото ГП шампионатот, на врвот од табелата без конкуренција е Марк Маркес со 160 бода, зад него е Довициозо од Дукати со 116, Петручи има 108 бода, додека Ринс е четвртиот возач кој досега собра 100 бода, а има 101.

 

- Оглас -

Најнови вести