Прва средба меѓу Роналдо и Солскјер (фото)

Кристијано Роналдо денес за првпат се појави во просториите на Манчестер јунајтед и се сретна со менаџерот Оле Гунар Солскјер.

По неговиот трансфер од Јувентус, односно камбекот на „Олд трафорд“ по цели 12 години, се следи секој чекор на Роналдо особено на оваа тема, па со посебно внимание беше испратен и првиот разговор меѓу старо-новата ѕвезда на Црвените ѓаволи и норвешкиот стратег.

Она што останува да се види дали Кристијано ќе дебитира при првата прилика, односно веќе во претстојниот викенд кога Њукасл ќе гостува кај 20-кратниот англиски првак. Не му е потребно време за да ја поврати формата бидејќи Роналдо настапи за Португалија во овој циклус во кој испиша историја како најдобар стрелец во светот на репрезентативно ниво.

- Оглас -

Најнови вести